Заинтересираните тркачи уште денеска ќе можат да се пријавуваат за 18-та скопска трка „Виз Ер Скопски маратон 2022“, што ќе се одржи на 2 октомври годинава.

„Виз Ер Скопски Маратон“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Заинтересираните ќе можат да се пријавуваат на следниот линк.

Организаторите на манифестацијата информираат дека оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Република Северна Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот.

– Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација. Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат да го користат до наредното издание на маратонот, посочуваат организаторите.

Повеќе информации можат да се најдат на официјалната страна на маратонот, како и на Фејсбук страната.