Двете партии и пред разидувањето ја делеа власта во периодот од 2012 до 2014 година, а сега се договориле воедно и за досега невиденате во Романија „смена“ на премиерите до парламентарните избори во декември 2024 година.

Кандидатот на либералите од PNL, Ноколае Чујка, и на социјалдемократите од PSD, Марсел Чиолаку, би требало да се менуваат на премиерската позиција со мандати кои ќе траат по година и половина.

-Ги довршивме преговорите за политичкото уредување на идната влада, изјави за новинарите Чиолаку по состанокот со претставниците на PNL и со партијата на унгарското малцинство UDMR, кој е исто така коалициски партнер во власта.

Преостанува уште, како што додаде Чујка, во понеделник двете партии да се договорат кој ќе биде првиот премиер на новата влада, по што неговиот избор треба да го потврди романскиот претседател Клаус Јоханис.

Идната влада ќе се соочи со бројни проблеми кои треба да ги решава што поскоро. Имено, инфлацијата е близу 8 отсто во момент на забавување на економскиот раст, потоа треба да се зајакнат јавните финасии и да се преземе вистинско управување со кризата во романскиот здравствен систем. Последниот се случува во услови кога во земјата со 19 милиони жители целосно против Covid-19 се вакцинирани само 37 отсто од населението, што е најнизок процент во Европската унија, и тоа додека сѐ поголем замав зема ширењето на позаразниот делта сој на коронавирусот.