На 25-ти јуни, недела, по втор пат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Исто како и минатата година и ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле.

„Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.  Влезот е слободен за сите посетители