На настанот на кој 23 граѓански организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, со Народниот правобранител потпишаа меморандум за соработка.

Сите забелешки на невладините, како што информира Бајрамовска-Мустафа, ќе ги компилираат во еден заеднички документ со нивните ставови во десетгодишното работење и ќе ги достават до органите на централната власт, единиците на локалните самоуправи и до сите органи, организации коишто на некој начин се поврзани со остварувањето на правата на лицата со попреченост за нивно запознавање со цел вклучување на лицата со попреченост и остварување на мотото „Ништо за нас, без нас“ во креирањето на политиките и алоцирањето на буџетски средства за подобрување на состојбите.