Тој е четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.

– Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството, рече вчера Деспотовски.

Според него, добро е што има повеќе кандидатури зашто тоа, според него, го покажува демократскиот капацитет на партијата, но покажува и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците.

Кандидатури поднесоа и Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски .