– По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него. Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме! Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата, објави Шекеринска.

Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.