Маж од Косово во понеделникот бил пријавен за исчезнат во туристичкото место Шенѓин, во Албанија, откако неговото семејство подолго време немало никаква информација каде се наоѓа.
Поради тоа, членовите на семејството се посомневале дека можеби се удавил во морето, по што започнала потрага која траела три часа.
Сепак, случајот завршил со неочекуван и среќен пресврт. Според информациите од локалните медиуми, сопругата го пронашла мажот жив и здрав, како мирно седи во кафуле и пие со другарите.
