Филипче коментирајќи ги ставовите на експертите за причините за високата стапка на смртност од Ковид во државава изјави :
–Точно е дека имаме и тоа сега се покажа со анализата на бројката на хронични болести, огромен број пациенти регистрирани дека имаат хронична болест во системот „Мој термин“. Така што не може да се одговори ад кох. Тоа бара една навистина детална анализа, меѓутоа ова е одличен повод таа анализа да се направи заради тоа што значи дека ќе адресираме и многу други прашања, нешто што го засега здравјето на граѓаните генерално во делот на исхраната, во делот на физичката активност
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека во однос на лекувањето на ковид пациенти, докторот има слобода да анализира, има повеќе протоколи, има различен став и е оставено на лекарот и на индикацијата и на параметрите на пациентот, а тука, како што рече, немаше еден генерален пристап, се беше како резултат на клиничката состојба на пациентот и на анализите.
–Што значи дека еден пациент со една хронична болест, претходна состојба, едни анализи во една фаза во делот на превенцијата можел да прими соодветна терапија и соодветна доза, друг не. Така што тоа е нешто што го препишува лекарот специјалист врз основа на овие индивидуални карактеристики на пациентот, рече Филипче.
Прашан дека лекот Ивермектин одбивале да го даваат во болниците, Филипче рече дека нема сознанија за тоа.
–Не знам дека некој одбивал да дава каков било лек, знам дека сите од лековите се даваа по строга индикација врз основа на проценка на лекарите специјалисти, нагласи Филипче.