Филипинскиот конгрес денеска го потврди изборот на Фердинанд Маркос Помладиот за претседател на Филипините, речиси четири децении откако неговиот татко беше соборен во револуцијата.
-Ќе ве замолам да ми посакате среќа, сакам да направам нешто добро за оваа земја, изјави Маркос, кој на неодамнешните избори освои речиси 59 отсто од гласовите.
Сенатот и Претставничкиот дом за потпретседател ја именуваа Сара Дутерте, ќерката на претседателот во заминување Родриго Дутерте, чиј мандат истекува на 30 јуни.