Еден од демонстрантите кои беа легнати пред капијата и не дозволуваа да излезат камиените е повреден, односно еден од камионите го прегазил. Човекот веднаш со полициска придружба на носилка бил пренесен во болница.

При интервенција на полицијата пред Јавното претпријатие, Комунална хигиена повредени се тројца вработени, соопшти синдикатот.

Демонстрантите велат дека има приведени вработени.

Станува збор за четири лица за кои, како што велат, не се знае причината за приведувањето.

„Ништо не ни кажаа. Само ги зедоа луѓето, ги приведоа. Без никаква причина ги приведоа“, посочува вработен во „Комунална хигиена“.