Ученици и вработените во неколку белградски средни училишта беа евакуирани нешто пред 11 часот по дојавата за поставени бомби, објавија српските медиуми.
Според весникот Блиц, Медицинското училиште во Звездара и Средното техничко училиште ПТТ во Палилула се евакуирани. Весникот наведе и дека имало дојава и за поставена експлозивна направа во базенот Ташмајдан.
Додека други медиуми објавија дека наставата во Високата школа за електротехника и компјутери е прекината поради дојава за бомба.
Претходните денови беа испратени анонимни пријави за бомби на адресите на 173 основни и средни училишта во Белград, како и во голем број трговски центри и јавни институции.