Граѓани кои живеат на таа локација изјавија за медиумот дека земјиштето порано било во приватна сопственост, но, наводно тие сопственици немале пари да го откупат па него го презела државата. На тоа државно земјиште новиот газда ќе правел згради.

Револтираните соседи велат дека се исечени повеќе дрва, а газдата кој им рекол оти на тоа место ќе правел зграда или згради ќе им ги уривал и нивните огради.

– Вознемирени водњанци, вознемирени скопјани, вознемирени сме сите, но ќе се бориме до крај, зашто Водно се сака со срце, објави групата „Го сакам Водно“.