Пожар зафати куќа попладнево во кавадаречко Возарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираат дека пожарникарите од Противпожарната единица Кавадарци со брза интервенција го изгаснале пожарот.

– Иако е рано да се процени материјалната штета, од страна на градоначалникот ќе се направи се за да му се помогне на семејството, нагласуваат од кабинетот на градоначалникот.