Пожарна и итна помош интервенирале да го извадат возачот од автомобил кој возел со неприлагодена брзина и удрил во метален столб. Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.
Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб, објави „Скопје инфо“.
На лице место интервенирале екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош.
Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на денoт.