Жаришта има на повеќе места коишто со високите температури и ветрот се разгоруваат до ноќта. Пожарникари, припадници на армијата и полицијата, доброволци, со сите сили се обидуваат на терен да спречат пожарот да се прошири кон населени места.
Уништена огромна површина шума
Пожар на Серта имало и пред година и пол, но на помала површина и брзо бил изгаснат. Овој пожар на Серта е најголем досега и уништи огромна површина шума.
Меѓународна помош
Пожарот се гаси и од воздух. По Турција, и Србија, Словенија, Црна Гора и Хрватска помагаат за справување со огнените стихии. Повеќе може да прочитате на веста во продолжение:
Пожарите се гаснат од копно и воздух: Најкритично на планината Серта, активни се 11 пожари
Регионалниот пат е од голема помош
Патот Неготино-Штип е единствената одбранбена линија за пожарот да не премине на другата страна и да зафати поголема површина борова шума.
Која е причината за пожарот?
Причината за пожарот дополнително ќе се утврдува, но засега веројатно е дека станува збор за човечки фактор. Екипите на терен при гаснењето откриле наложени дрва на повеќе места подготвени да се запалат и предизвикаат пожар.