Пожарот што ја зафати зградата на парламентот на Јужна Африка повторно се разгоре, пренесе ДПА, повикувајќи се на телевизиски снимки.
Сликите покажуваат големи, црни облаци од чад, што се креваат од историската зграда во Кејп Таун.
Претходно денеска, бројот на пожарникари на местото на пожарот беше намален од 70 на само десетина, бидејќи останаа само неколку извори на пожарот.
Министерката Патриша де Лил претходно изјави дека температурата во зградата опаднала од 400 на 100 степени Целзиусови, поради што сè уште не беше возможно инспекторите да влезат во комплексот и да ги утврдат причините за неговото избувнување, пренесе ДПА.