Американски претседател Доналд Трамп отворил можност за продажба на вооружување од Соединетите Американски Држави директно на Кина. Оваа информација ја откри американскиот амбасадор Дејвид Пердју за време на своето гостување во емисијата „Fox News Sunday“.

Според амбасадорот, Трамп сакал да ја релативизира долгогодишната воена помош што Вашингтон му ја дава на Тајван, прикажувајќи ги зделките како вообичаена трговска пракса. Во тој контекст, тој директно го запрашал кинескиот лидер дали има интерес за набавка на американска воена технологија.

Пердју ги демантираше гласините дека САД намерно ги задржуваат пратките кон Тајван за да му удоволат на официјален Пекинг, посочувајќи на необичниот деловен пристап на поранешниот претседател.

„Еј, ние продаваме оружје и на други луѓе ширум светот“, вели Дејвид Пердју.

Кинеското Министерство за надворешни работи преку својот портпарол Гуо Џиакун не ги потврди директно овие наводи. Официјален Пекинг единствено повтори дека одбранбените капацитети на Кина се развиваат согласно сопствените потреби и за зачувување на глобалната стабилност.