Избил пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, кој е локализиран и нема опасност да се прошири на другите катови во болницата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштија до ЦУК пожарот бил во внатрешна просторија во одделението за ортопедија.

Преку Е-112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ е потврдено дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење, велат од ЦУК.