На детскиот полигон кој се наоѓа во состав на Градскиот парк во Дебар избувна пожар, при што според првичните информации нема повредени лица.
Настанот бил пријавен на 01.11.2026 година во 21:00 часот во ОВР Дебар, по што надлежните служби веднаш излегле на терен за расчистување на случајот.
На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар, која го локализирала и целосно го изгаснала огнот.
Полициски службеници извршиле детален увид на местото на инцидентот за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
