Канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци беше ограбена завчера, при што биле одземани неколку Леново лаптопи, како и други компјутери.

Првиот човек на оваа хумана мисија со која се обезбедуваат компјутери за децата од социјален ризик, Борче Стаменов објави дека го имаат личниот опис на крадецот.

– Дечки помош уште еднаш. Имаме опис на лицето што ни ја оби канцеларијата и украде тоа што украде. Ве молам сите што живеете на локацијата од сликата подолу, т.е. во околина на џамијата и имате видео надзор да ме контактирате. Грабежот е извршен од 03.30 до 04.30 на 28.08.2023. Прегледајте и ако имате снимка, слика што и да е барајте ме на 071288802 или пријавете директ во полиција. Ве молам споделете, благодарам, објави Стаменов.