Милевски се одлучи за офанзивна варијанта со Адис Јаховиќ на „најистурената“ позиција. Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Елиф Елмас е тројката која заедно со „шпицот“ ќе бидат директна закана за ерменскиот голман. Поддршка од средниот ред ќе даваат Тихомир Костадинов и Енис Барди.

Четворката во одбраната е составена од: Езѓан Алиоски, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Висар Муслиу.

На голот ќе биде Столе Димитриевски.

Почетокот на натпреварот од 4. коло во мундијалските квалификации Ј-група, е во 20:45 часот на Арена „Тодор Проески“ во Скопјe