Предложени имиња на три адвокати
Љупчо Палевски предложил имиња на тројца адвокати кои сака да го застапуваат во истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Неофицијално, имињата на трите адвокати се: Тони Менкиновски, Славко Секулов и Јовица Страшевски. Скопје1 ги исконтактирале трите адвокати, но сите демантираат поврзаност со случајот и велат дека до нивните канцеларии не е пристигнато ништо.
Реконструкцијата и цела ретроспектива на убиството може да ја прочитате во продолжение:
(ВИДЕО) Палевски екстрадиран, ќе му се суди во земјава: Ретроспектива на двојното убиство
Палевски ќе биде сослушан од Кривичниот суд
Неговата молба, истражниот затвор ја проследил до скопска единица од каде што велат дека ги издаваат сите дозволи поврзани со процесот, а проследени се и барањата за ангажман на наведените адвокати. Освен тоа, Кривичниот суд го добил и известувањето за неговата екстрадиција, по што Палевски ќе биде сослушан на околности поврзани со притворот.
„Судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена“ – пишува во соопштението од Судот.
30 дневен притвор во Шутка
Во меѓувреме, Палевски издржува 30 дневен притвор под максимално обезбедување во скопскиот затвор. Лекар ја проценил и неговата здравствена состојба.
Истрагата е во завршна фаза
Кога Палевски ќе биде распрашан за доказите кои го поврзуваат со двојното убиство, засега Обвинителство не открива. Повторуваат дека истрагата е во завршна фаза, по што ќе следува јавнообвинителска одлука.