Прашање на време е кога индискиот делта-вирус ќе се прелее кај нас, вели академикот Драган Даниловски.
-Тоа нема да биде пред есен, тогаш ќе залади и ќе почнат дружбите на затворено. Не верувам дека ќе има силен бран. За да се намали ризикот за брз продор преку границата, добро е да има бариера, а една од нив е ПСР-тестови на сите што влегуваат, особено на крај на летото, изјави Даниловски на Канал 5.