-Денеска ќе ви дозволиме сами да си играте парламент. Продолжете да си глумите театар, но народот, јавноста ќе го осудат вашето однесување. Нема да ви биде ВМРО-ДПМНЕ, бидете спокоен министер Спасовски, ќе ве одбранат, но немате можност да слушнете што мисли опозицијата затоа што ќе ја напуштиме седницата, и ќе поднесеме интерпелација за вас г-не Џафери. Ја замолчивте опозицијата, не дозволивте да разговараме за интерпелација на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Затоа сега ќе ја напуштиме седницата, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери му врати дека се самите виновни за двете интерпелации, и дека ќе ја дочека неговата интерпелација со задоволство.

-Основен виновник сте самите за двете интерпелации, и деловникот има процедура по која може да се вратат тие две точки. И трето, јас со задоволство ќе ја дочекам вашата интерпелација на функцијата претседател на Собраниет, рече Џафери.

Потоа за збор се јави Јован Митрески од СДСМ.

-Никогаш во историјата на собранието, опозицијата да поднесе интерпелација и самата да бара повлекување за Николовски и Маричиќ. Денеска кога има интереплација друга, не е доставен список навремено, и сега некој друг им е виновен и се претпоставува како наводен обид да се замолчи опозицијата. Денеска ги чекаме да ги соочиме аргуметните за министерот Спасовски, еве избегаа. Ги чекавме да ги соочиме аргументите и за Маричиќ и Николовски, ги повлекоа-, рече Митрески.