Пратениците во 23 часот ќе ја продолжат седницата за реконструкција на Владата во рамки на која се уште тече расправата за првата точка од дневниот ред – предлог за разрешување на членови на Влада, продолжува и во вечерните часови.

Собраниската 104-та седница за реконструкција на Владата во попладневниот дел од денешното продолжение пратениците од опозицијата продолжија со критиките за реконструкцијата на Влада, ставајќи акцент на управувањето на владејачкото мнозинство.

Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.