– Она што можевме да го кажеме на претходната прес конференција, а денес го елаборираме на граѓаните е превисоката проценета вредност на склучениот договор и еве за јавноста ќе приложам еден договор од една соседна општина Кочани, која за ист таков договор со друго претпријатие, односно друга компанија која што наплаќа паркинг по пат на СМС, наплатило, односно склучило договор во цена од 150.000 денари, појасни Јорданов.

Тој додаде дека за разлика од општина Кочани и јавното претпријатие во општина Кочани, општина Штип на чело со градоначалникот Сашко Николов склучило договор на проценета вредност од 3.500.000 денари.

-Ако ја погледнете неговата изјава дека во општина Штип се планираат зголемени паркинг места, можете да заклучите дека станува збор за манипулативен одговор, затоа што општина Кочани со три пати помалку паркинг места склучила договор за само 150.000 денари. За разлика од општина Кочани, општина Штип со три пати повеќе паркинг места склучила триесет пати поголема цена за склучување договор за наплата на паркинг. Повторувам, триесет пати поголема цена компаративно со општина Кочани. Ова е случај кој што се надевам дека надлежните институции и МВР ќе го истражат и се надевам дека ќе се елаборира на јавноста за што станува збор и дали постојат индиции за сторен криминал, појасни Јорданов.