Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош, објави дека Адреналинскиот парк на кејот на реката Вардар во скопската населба Карпош 4 направен со пари од Европската унија, наскоро ќе биде пуштен во употреба.

„Финални подготовки и проверка пред отворањето на Спортско – адреналинскиот парк во должина на Кејот на Вардар. Изминатиот период беше искористен за проверка на состојбата на сите реквизити, избор на субјект кој ќе биде задолжен за адреналинскиот дел, обука на тренерите и сл. Овој парк е изграден со поддршка на Европската унија, а ќе го привлече вниманието на сите граѓани на Скопје“, објави Богоев.

Адреналинскиот парк вреди 700.000 евра, од кои со поголемиот дел од средствата учествува Европската унија. Паркот зафаќа површина од 10.000 метри квадратни. ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 метри квадратни, 120 нови дрвја, како и детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини, а оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 метри квадратни.