Пешак доцна синоќа околу 23 часот бил удрен од автомобил во близина на постојката пред општина Кисела Вода, објави Телма.

Повредениот паднал на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје. Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош.

По првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.