Владата на Црна Гора одлучи градскиот базен во Котор да го добие името на црногорскиот владетел и книжевник Петар II Петровиќ Његош. Со оваа одлука, Подгорица исполнува едно од клучните барања на Хрватска за надминување на билатералните спорови.
Досега базенот го носеше името „Зоран Џими Гопчевиќ“. Неговиот назив со години предизвикуваше тензии и дипломатски несогласувања меѓу Црна Гора и Хрватска. Хрватската страна бараше промена поради контроверзиите поврзани со личноста чие име го носеше објектот.
Одлуката е дел од условите што Хрватска ѝ ги постави на Црна Гора во процесот на евроинтеграциите. Истовремено, таа е поврзана и со решавањето на отворените прашања што потекнуваат од деведесеттите години.
Покрај преименувањето на базенот во Котор, дел од овие прашања се однесуваат и на спомен-обележјата, меѓу кои и она во Морињ. Со ваквите потези, официјална Подгорица настојува да ги отстрани пречките на патот кон Европската Унија и да ги унапреди односите и соработката со соседните земји.
