Утре без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите во неколку скопски општини. На улица Струма во Карпош и на Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во Аеродром струјата ќе биде исклучена од 9 до 11 часот.
Според соопштението од Центарот за управување со кризи, прекин ќе има и на улиците ул. 8 и ул. 11 Белимбегово во општина Илинден, од 8:30 до 13:30 часот.
