Некогаш една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал полека но сигурно паѓа во втор план. Играчот заминува во фаза на медиокритетност и фудбалски залез по новите случувања во неговиот клуб.
Џек Грилиш, играчот на Манчестер Сити кој во моментов настапува на позајмица во Евертон, е суспендиран од страна на менаџментот на клубот поради прекршување на клупската дисциплина. Тој најпрво го пропушти натпреварот против Арсенал од Премиер лигата поради болест, за да потоа воопшто не се појави на закажаниот тренинг. Фудбалерот немал никаква причина, ниту пак оправдување зошто постапил на таков начин.
Подетални информации околу целата новонастаната ситуација сè уште не се официјално објавени. Менаџерот Дејвид Мојес имаше само кус осврт околу одлуката на раководството.
„Ја поддржувам одлуката на клубот и немам поширок коментар на оваа тема“, изјави Мојес.
Грилиш своевремено претставуваше клучна фигура во англискиот фудбал и неговата вредност на пазарот достигнуваше стотина милиони фунти. Тој беше стандарден стартер за репрезентацијата на Англија на големите натпреварувања, но од сето тоа кај 31-годишниот крилен напаѓач очигледно е останато многу малку.
