Конечни 1:1 е исходот од градската пресметка помеѓу екипите на Евертон и Ливерпул со која што започна денешната Премиер лига програма.

Спектаклот започна со гостинско водство по само пет минути откако Собозлаи реализираше за 0:1.

Сепак, гостинската радост траеше до 25. минута кога Фримпонг си постигна автогол за 1:1.

Од тој момент и двата тима имаа ситуации за водство и евентуален триумф но ниту една не беше искористена.

Со ова реми, Ливерпул е четврти во моментов со 22 бода, додека Евертон пак е осми со 17.