МЗТ Скопје Аеродром обезбеди значајно засилување за продолжението од натпреварувачката сезона, откако успеа официјално да го договори враќањето на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ во своите редови.

Искусниот бек повторно ќе настапува за тимот од Аеродром, со чие раководство потпиша договор со кој се обврза на верност и соработка во следните 18 месеци.

За Мекиќ ова претставува вкупно трето враќање во сино-белиот состав. Претходно тој со голем успех го носеше дресот на МЗТ Скопје Аеродром во два наврати, односно во периодите од 2014 до 2017 година и од 2020 до 2023 година, оставајќи зад себе длабока и значајна трага. Во тие периоди тој освои вкупно пет шампионски титули во домашното првенство, а се закити и со трофеи во националниот Куп на Македонија.

Тековната натпреварувачка сезона Мекиќ ја започна во редовите на Куманово, каде што настапи на три првенствени натпревари пред да се реализира трансферот назад во аеродромскиот клуб.