Контингент од 24.000 дози вакцини АстраЗенека денеска пристигна во Црна Гора, обезбедени од Министерството за здравство преку Ковакс механизмот, соопшти тоа Министерство.
-Сите вакцини набавени во рамки на механизмот Ковакс се одобрени од СЗО, како водечка организација на системот на Обединетите нации што се занимава со прашањето за безбедноста на вакцините, соопшти Министерството за здравство.
U #CrnaGora upravo je stigao kontingent od 24.000 doza vakcine #AstraZeneca. Sve vakcine koje se nabavljaju u okviru mehanizma #COVAX odobrene su od SZO, kao vodeće organizacije sistema Ujedinjenih nacija koja se bavi pitanjem bezbjednosti vakcina.@MinZdravlja#vakcinišise pic.twitter.com/R1rcpD3Dch
— Vlada Crne Gore (@VladaCG) March 28, 2021
На аеродромот во Подгорица, пратката вакцини ја пречекаа црногорската министерка за здравје, д-р Јелена Боровиниќ Бојовиќ, шефицата на канцеларијата на СЗО во Црна Гора Мина Брајовиќ, шефот на претставништвото на УНИЦЕФ Хуан Сантандер, шефицата на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора амбасадорката Оана Кристина Попа, британската амбасадорка Карен Медокс и резидентниот координатор на ОН во таа земја Питер Лундберг.