Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој свечено ќе биде означен почетокот на новата академска 2026/2027 година.
На настанот, кој ќе се одржи на платото пред Економскиот факултет на Универзитетот, најавени се обраќања и на ректорот на УГД-Штип проф. д-р Дејан Мираковски, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов и Матеј Бошковски, студент на Факултетот за медицински науки.
Универзитетот соопшти дека на свеченото отворање на новата студиска година ќе настапат академскиот хор при Музичката академија, под диригентство на проф. Тоше Митрев, и студентите од Џез-ансамблот на Академијата, а ќе бидат отворени и информативни штандови.
