Ве известуваме дека денеска, 03 април 2021 година (сабота), во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод старт на работите на новиот градски пазар во Велес, информираат од Владата.

На настанот ќе присуствуваат и Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Љупчо Николовски, заменик-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој и Ненад Коциќ, пратеник во Собранието, велат од таму.

Ве покануваме да ги проследите обраќањата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски по што следува и можност за новинарски прашања. Ве замолуваме да ги почитувате сите прописи и мерки за заштита од КОВИД-19.