Кога лагата ќе ти се врати со службен печат, хистеријата веќе не помага. Само ја зголемува одговорноста. СДСМ и Венко кренаа хистерија за „Алта банка“, а заборавија дека токму нивната влада ја одобрила продажбата на акциите во Стопанска банка Битола во 2023 година, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот Љупчо Пренџов.
-Документот е во „Службен весник“. Потписот е нивен. А денес глумат изненадени!, пишува Пренџов.
Алта Банка нема да банкротира, никој нема да биде оштетен – ниту пензионерите, ниту коминтентите ниту било кој што е директно или индиректно поврзан со истата, вели Пренџов во својата објава.
-Но, добро е вистината што излезе на виделина. И добро е што знаеме кој се бори Македонија да успее а кој работи и се “моли” во спротивното, пишува Пренџов меѓудругото во својата објава.
