Дека судиите треба да се соочат со казнивост, дека треба ветинг. Вакви изјави СДСМ даваа уште од 2015 збираа политички поени кај јавноста. Потоа се случи Зоран Заев и истиот тој стана претседател на тело за реформи во судството и тоа му траеше додека не си ги тргна двете пријави и тоа е нашата реалност зошто граѓаните имаа 3% доверба, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализирајќи ја последната анкета на Евротинк, Пренџов истакна дека ни 10% од гласачите на власта не ветуваат во судството и тоа е резултат на таквата политика поставена од власта и веќе е е време за предвремени избори.

– Ако ги соберете процентите на ДУИ и СДСМ и сите партии во власта, тие имаат вкупно 30%, а рејтингот и довербата и судството е 3% и тоа значи дека ниту 10% од поддржувачите на власта не веруваат во судството. Она што е од анкетата пораз е тоа што на прашањето дали има демократија, 61% рекле дека нема демократија во Македонија. Веќе е презреано времето да излеземе пред граѓаните секој со своја понуда и да се оди на избори, секој со своја понуда, изјави Пренџов.

Во врска со скандалот во ФЗО, Пренџов нагласи дека тој фонд има двајца директори и ниту едниот ниту другиот ја удостои јавноста да каже што се случува, но власта се однесува во стилот – ние знаеме, нема што да знаат граѓаните.

– Пратеникот Костовски вика дека најважно било од се дека тоа што викала опозицијата дека биле изгубени податоците, не биле. Па затоа јавно прашувам, дали Костовски знае нешто, а граѓаните н, дали тој и СДСМ плаќаат поголем данок за да знаат повеќе од граѓаните. Ќе потсетам дека СДСМ имаа иновација министерство за транспарентност кога се гомилаа криминали, афери, непотизам, и тоа министерство го затворија. Сакам да кажам дека однесување како Црвените кмери во Камбоџа – ние сме тие што знаеме, нема вие што да знаете, а директорката не излегува две недели, другиот директор е на Флорида пушта слики од плажи, граѓаните не знаат ништо, истакна Пренџов.