Со недели СДСМ не замајуваше со нивните партиски трибини и бурлески од типот “стани Цаци да те види сала”. Таман им завршија трибините на СДСМ, започнаа партиските трибини на ДУИ, и бидеќи таму ја нема “Цаци”, тие не замајуваат со тоа кој бил командант, кој бил пион и кој во кои кланови се развивал!? Неспособниве треба да знаат дека се платени да го подобруваат економскиот стандард на граѓаните и стопанството и да се грижат за меѓународниот имиџ на државата, посочува пратеникот Љупчо Пренџов.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Успешните влади од регионот и пошироко излегуваат пред своите граѓани со решенија и проекти апропо глобалните кризи. Од друга страна, “нашиве” неспособни и неуки ”водачи” ни презентираат реални шоуа, криминал, корупција и внатре партиски пресметки.

Не разбираат дека граѓаните не јадат ПиАр, а особено не – репете ПиАр шеста година по ред колку што се на власт.

Првата половина на месец јануари има највеќе неработни денови во годината или само 8 вкупно биле работни до денес, а талентиве веќе имаат 18 скандали зад себе во новава година.

Немајќи ниту еден Сектор во државата со кој ќе се пофалат а секојдневно им се случуваат нови скандали кои се сѐ помизерни и за гледање и за слушање. Единствената работа која што како папагали ја повторуваат е реченицата “промена на Устав” мислејќи дека со тоа ќе купат уште некој месец повеќе.

Промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има‼

Секој колега пратеник од владеачкото мнозинство кој и’ мисли добро на државата, па и на сопствената партија, треба да се одважи и да гласа за распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори оваа пролет. За СДСМ и ДУИ, можеби има и други опции, но за граѓаните и Македонија ова е единствената.