1. Каде и за што се потрошени 24милијарди и 600милиони евра во последниве години?

2. Зошто сме држава со највисока инфлација и највисоки цени на пазарите и во маркетите и зошто нашите граѓани одат да пазарат во соседните држави?

3. Зошто Македонците имаат најниски плати споредбено со државите од регионот?

4. Зошто немаат направено ниту еден километар автопат а се седма година на власт?

5. Зошто ја поништија изградбата на клиничкиот центар а притоа не направија нов како што манипулираа?

6. Зошто немаат изградено ниту една нова болница и зошто седум години не успеваат да ја завршат онаа во Штип?

7. Зошто не наплаќаат повеќе од 500 милиони евра годишно даноци од неплаќачите кои работат на црно?

8. Зошто својата неспособност ја покриваат со воведување на нови давачки кон оние кои редовно плаќаат.

9. Дали ги стимулираат оние кои не плаќаат данок да со тие црни пари потоа купуваат што сакаат низ државата?

10. Зошто на почетокот на учебната година за секој трет предмет нема учебници и зашто за тоа нема одговорност?