-Во емисијата ТОП Тема, во месец декември, вие (Крешник Бектеши) ме прашавте дали ќе го поддржиме законот за минимална плата од 18.000 денари, што треба да стапи од 1.1.2022.

Помина Нова година, поминаа и божиќните празници, во Собрание единствено е стигнато барањето на ССМ за повисока плата, но не и предлог Закон поднесен од страна на Владата.

Што се случи?

Ќе бидете ли арогантен и на состаноците со работодавачите? Зошто ги лажевте работниците дека ќе има минимална плата од 18.000 денари за јануари 2022 година?

Трошоците за живот кај граѓаните, но и трошоците на компаниите се сѐ поголеми, а вие ги оставате во неизвесност и со вашите добро познати ветувања од типот “не овој петок, идната среда”.

Очигледно зборот не е збор, кога доаѓа од оваа власт на ДУИ и СДСМ.

П.С побрзајте со конечните пресметки во енергетиката, да го видиме процентот на уделот во призводството на електрична енергија од страна на ЕСМ, пишува во својот Фејсбук статус пратеникот Љупчо Пренџов.