Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што се уште има места во болницата во Козле, каде што ротира тима на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.
– Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид-центар како што беше тоа во претходниот бран – изјави Филипче.
Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд.
– Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри – рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација.