Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата. Вториот гол на Тиерно Бари сепак предизвика големи реакции и незадоволство кај гостинскиот тим.
Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути. Вториот погодок беше особено спорен поради сомнеж дека фудбалерот претходно остварил недозволен контакт со рака врз топката.
Ковентри прв дојде во водство во 52. минута со погодокот на Јан Гбохо. Сепак, Бари со прецизен удар во 57. минута успеа да израмни на 1:1.
Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во шеснаесетникот, истиот напаѓач повторно се најде на вистинското место и ја испрати топката во мрежата за целосен резултатски пресврт.
Фудбалерите на Ковентри бурно реагираа кон судијата, со тврдење дека Бари ја смирил топката со рака пред да ја затресе мрежата. Телевизиските снимки дополнително ги поттикнаа сомнежите околу регуларноста на акцијата, но по проверка во ВАР собата беше донесена одлука погодокот да биде признат, што предизвика огорченост кај гостите.
Бари подоцна имаше улога и на асистент на теренот, откако во 81. минута му асистираше на Кирнан Дјузбери-Хол, кој го постигна третиот гол за Евертон и ја запечати победата.
