На 29.03.2023 полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(35) од Кавадарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.