Од Управата за извршување на санкции информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.