Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, вчера во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот И.К.(50).
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
И.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.