Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и СВР Велес, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Велес, денеска извршиле претрес на дом и други простории кај Ѓ.П. (52) во велешкото село Ораше.

Како што соопшти МВР, при претресот, во дворот од куќата биле пронајдени пиштол „застава“ и околу 130 куршуми, по што Ѓ.П. е приведен во ПС Велес, а по документирање на случајот до ОЈО Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривичните дела „недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали“ по чл. 396 и „тешка кражба“ по член 236 од КЗ.