Полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и секторот за компјутерски криминал, вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје.

Во фокусот на истрагата е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на раководна позиција во ИТ-секторот, кое подолг временски период наводно манипулирало со електронската евиденција на студентите.

Според првичните информации, осомничениот се сомничи дека овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови, како и бришење оценки, главно за студенти од Турција, за што за возврат добивал паричен надомест.

При претресите во домот на осомничениот првично била пронајдена поголема сума парични средства.

Акцијата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полициските активности.