И покрај потребната грижа да избегнеме да го донесеме вирусот дома, јас и сопругата имаме позитивен тест за Ковид-19, но немаме симптоми, објави Визкара на „Твитер“.
На почетокот на овој месец, на Визкара му беше забрането да извршува каква било јавна функција во следните десет години, бидејќи се вакцинира против коронавирус преку ред, минатата година.
Конгресот на Перу воведе забрана за Визкара, кој ја водеше земјата од 2018 до 2020 година. Ова значи дека тој нема да може да го заземе пратеничкото место што го освои на изборите овој месец.