Прецизирано е дека грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска ќе го пречека Пендаровски на официјална церемонија со државни и воени почести во претседателската палата во Атина, по што ќе имаат „тет-а-тет“ состанок пред пленарната средба на делегациите на двете земји.

За време на дводневната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, како и со градоначалникот на Атина Костас Бакојани, а ќе положи венец на Споменикот на непознатиот херој пред грчкиот парламент.

– Претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, која ќе ја посети Националната галерија во Атина заедно со Лина Мендони, министер за култура и спорт на Грција, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.